Општа Медицина

Ординацијата Ви ги нуди следниве здравствени услуги:

 

  • избор на матичен доктор,
  • преглед и советување од страна на доктор по општа медицина (матичен доктор),
  • издавање на рецепти и упати (специјалистички, болнички, рентген, лабораториски),
  • издавање на лекарски уверенија за вработување, престој во странство, државјанство, апликација на ампуларна терапија (интрамускулни, интравенски и субкутани инјекции),
  • и друго.

 

Нашата ординација има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Р. Македонија.

Нашата ординација има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Р. Македонија.

На чело на ординацијата по општа медицина во Акус Медикус се наоѓа д-р Анита Петревска, специјалист по семејна медицина.


blank

Д-р Анита Петревска

специјалист по семејна медицина

Во 1994 година дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје и се стекнува со диплома доктор по општа медицина.

Во периодот од 1998 до 2014 година работи како медицински претставник и матичен лекар во Куманово и Скопје. Од 2014 година започнува да работи како матичен општ лекар во ПЗУ Д-р Туџарова и Д-р Караџинов Скопје во склоп на Поликлиниката Акус Медикус.

Во 2018 завршува специјализација по семејна медицина на Медицинскиот факултет во Скопје.

Член е на Лекарска комора на Македонија и ЗЛОМ-СМ.


Што е матичен лекар

Матичен лекар е доктор кој поседува широк опсег на медицинско и хируршко знаење потребно за грижа на пациенти со многу различни болести. Лекар кој најчесто доаѓа во прв контакт со пациентот, освен што ги лекува сите чести акутни и хронични болести, тој се фокусира на здравјето на единката комбинирајќи ги и физичкиот, и психолошкиот, и социјалниот аспект на грижата за пациентот.

Покрај лекувањето, матичните лекари имаат важна улога во промоција на здравјето, едукација на пациентите, како и контрола и превенција на хронични незаразни заболувања.


Зошто е важно да имате споствен матичен лекар

ВАШИОТ МАТИЧЕН ЛЕКАР МОЖЕТЕ ДА ГО КОНСУЛТИРАТЕ И ПРЕКУ ТЕЛЕФОН

Како да ни постанете матичен пациент

Потребно е само да дојдете кај нас и тогаш нашиот лекар ќе пополни со Ваши информации. Електронски формулар се праќа до фондот за здравство.

Изборот на лекар се врши со пополнување на изјава за избор на лекар на образец ИЛ-1 (Пријава за избор/Промена на лекар). Изјавата се пополнува во два примероци од кои едниот останува во здравствениот картон на осигураното лице кај избраниот лекар, а другиот избраниот лекар го доставува до подрачната служба на Фонот за здравствено осигурување, заради евиденција.

Потребно е да ја носите вашата здравствена книшка и доколку претходно сте биле пријавени на друго место да си го земете здравствениот картон.

blank

Кое е работното време на општата ординација

Матичната служба работи од понеделник до петок во две смени.

Доколку некогаш не сте во можност да дојдете во наведените термини, има замена лекар кој работи во обратни смени, така што секогаш ќе бидете покриени за било каков преглед.

Саботите и неделните се неработни денови, но доколку имате итна медицинска состојба матичните доктори на ниво на град Скопје дежураат во здравствените пунктови низ градот.

Работно време на матичниот доктор

Понеделник
8:00 - 16:00
Вторник
12:00 - 20:00
Среда
8:00 - 16:00
Четврток
12:00 - 20:00
Петок
8:00 - 16:00

02/313-5524

Закажете преглед

пон-пет 08-20 ч.

саб 08-12 ч.

Онлајн

продавница

Бесплатен

онлајн тест за слух