Најситен слушен апарат со природен звук
Било да поминувате време со Вашите најблиски или се запознавате со некој нов, Silk™ на Signia повторно Ви ја враќа самодовербата знаејќи дека никој нема ни да забележи дека носите слушен апарат.
Еден од најситните слушни апарати во светот, Silk е секогаш спремен за носење. Убав изглед и беспрекорно слушање никогаш не било полесно и поедноставно да се постигне.
Најголема дискретност
Новиот Silk слушен апарат на Signia има за 20% помали димензии во однос на неговиот претходник, што го чини скоро потполно незабележлив во увото.
Секогаш спремен
Достапни во неколку големини, силиконски влошки совршено одговараат на Silk слушните апарати. Тие безбедно и неприметно седат во увото на корисникот.
Обележен со боја
Боите на слушниот апарат означуваат за које уво е наменет апаратот - црвена за десното и сина за левото уво.
Совршен за телефонски повици и слушање музика
За разлика од задушни слушни апарати, микрофон на Silk слушниот апарат ги собира звуците од околината и ги пренесува директно во ушниот канал. Со ова е озвоможено да разговарате преку телефон и слушате музика како и претходно - кога не користевте слушно помагало.
Носење на Silk апаратот е толку природно што практично ќе заборавите дека носите слушен апарат.
Кристално јасен и природен звук
Било да се наоѓате на улица преполна со луѓе, на состанок во канцеларија или ресторан со гласна музика, секогаш кога сте во бучна средина потребно е да вложите повеќе труд и концентрација за да можете да ја одржите комуникацијата со другите.
Signia слушните апарати ги надминуваат сите овие изазови, имитирајќи го природниот начин на локализација на звукот. Нашите слушни апарати се фокусираат на најважното - одржување на конверзација со Вашиот придружник, и филтрира сите други непожелни звуци од околината.