Motion Charge&Go Nx

Најприроден звук во комбинација со бежично полнење и издржлив дизајн

Било да сте во природа со пријателите, вредно ги извршувате обврските на работа или уживате во Вашата омилена музика, Motion™ Charge&Go слушниот апарат на Signia претставува совршен избор за Вашиот слушен проблем.

Како што му кажува и името, Motion Charge&Go слушниот апарат може да се полни додека спиете, така што е секогаш спремен за користење, каде и да треба да одите.

Неговиот цврст и квалитетен дизајн пружаат извонредна издржливост за долг временски период.


Безжично полнење со литиумските батерии

Со купување на Motion Charge&Go слушниот апарат добивате и индукциски полнач - слушниот апарат почнува да се полни автоматски кога ќе го поставите на неговиот полнач.

Голем комфорт при носење

Иако Motion Charge&Go има робустeн, цврст оклоп, тој многу дискретно и неприметно лежи зад увото. Неговиот софистициран дизајн овозможува апсолутна удобност при носењето.

Наменет за голем опсег на оштетувања на слухот

Motion Charge&Go може да се користи за лесно и средно оштетување на слухот.

Издржливост и висок перформанс

Благодарејќи на неговата моќна литиумска батерија која се дополнува, Motion Charge&Go слушниот апарат на Signia Ви нуди долготрајно и супериорно искуство со слушните апарати, и тоа без потреба за често купување и менување на батерии!

Вашиот глас - најприроден досега

Било да сте вклучени во дискусија за некое уметничко дело или сте возбудени да го искусите духот на некој нов град, Motion Charge&Go слушниот апарат Ви овозможува со задоволство да ги слушате звуците на природата и повторно да уживате во нив.

Уживајте во директен пренос на телефонски разговори, ТВ и музика

Слушајте ја Вашата омилена песна, подесувајте ја јачината на звукот додека ја гледате Вашата омилена серија или добивајте ги директно во уво насоките од Вашата GPS апликација - сето тоа преку Signia Insio слушниот апарат! Се што треба е да го поврзете со Вашиот паметен телефон.

Преку Signia апликација, слушниот апарат има можност да се поврзе и контролира мануелно и едноставно преку Вашиот телефон или далечински управувач - MiniPocket.

Контролирање преку мобилната апликација Signia App

Вграден Bluetooth за директен пренос на звук од телефон, ТВ итн.

Вградена батерија која се полни со индукциски полнач

Уреди кои одговараат со Motion Charge&Go Nx

02/313-5524

Закажете преглед

пон-пет 08-20 ч.

саб 08-12 ч.

Онлајн

продавница

Бесплатен

онлајн тест за слух