Pure 10 Nx

Подобро слушање со едноставен и дискретен слушен апарат

Комуникација со Вашите најблиски е една од најважните работи во животот. Било да им читате приспивната приказна на внуците или поминувате време со Вашите пријатели, Pure™ 10 на Signia Ви нуди со леснотија повторно да учествувате во комуникација со другите. Овој извонредно ситен модел се крие позади Вашето уво и Ви овозможува да слушнете се што е битно на најлесен можен начин.


Максимална дискреција

Pure 10 слушниот апарат дискретно и скоро невидливо седи позади Вашето уво.

Едноставен за употреба

Без ситни копчиња за мануелно ракување, целосно автоматизиран Pure 10 слушниот апарат нуди максимална едноставност при користење и супериорен квалитет на звукот.

За широк опсег на оштетување на слухот

Лесно, средно или тешко оштетување на слухот, Pure 10 слушниот апарат може да ги надмине сите предизвици и слушни проблеми, враќајќи ги повторно природните звуци во Вашиот живот.

pure 10 nx

Едноставност и дискреција во едно

Слушајте ја Вашата омилена песна, подесувајте ја јачината на звукот додека ја гледате Вашата омилена серија или добивајте ги директно во уво насоките од Вашата GPS апликација - сето тоа преку Signia Pure 10 слушниот апарат! Се што треба е да го поврзете со Вашиот паметен телефон.

Преку Signia апликација, слушниот апарат има можност да се поврзе и контролира мануелно и едноставно преку Вашиот телефон или далечински управувач - MiniPocket.

Кристално јасен и природен звук

Било да се наоѓате на улица преполна со луѓе, на состанок во канцеларија или ресторан со гласна музика, секогаш кога сте во бучна средина потребно е да вложите повеќе труд и концентрација за да можете да ја одржите комуникацијата со другите.

Signia слушните апарати ги надминуваат сите овие изазови, имитирајќи го природниот начин на локализација на звукот. Нашите слушни апарати се фокусираат на најважното - одржување на конверзација со Вашиот придружник, и филтрира сите други непожелни звуци од околината.

Контролирање преку мобилната апликација Signia App

tinnitus

Тинитус терапија со 3 различни терапевтски програми

Одлично разбирање на говор во бучни средини

Уреди кои одговараат со Pure 10 Nx

02/313-5524

Закажете преглед

пон-пет 08-20 ч.

саб 08-12 ч.

Онлајн

продавница

Бесплатен

онлајн тест за слух