Motion 13 и 13P Nx

Совршено решение за директен пренос на звук и најприродно слушање на сопствениот глас

Било да седите во кафуле со пријатели, се играте во градина со внуците или едноставно уживате слушајќи ги птиците на Вашиот балкон, Motion 13 слушниот апарат Ви овозможува со задоволство да ги слушате најприродните звуци околу Вас, како и да го поврзете и контролирате апаратот преку сопствениот телефон или ТВ.


Индувидуално скроен кон Вашето слушање

Motion 13 слушниот апарат Ви нуди многу множности за персонализовано штелување на слушниот апарат, како и едноставно управување со него - совршено одговара на сите Ваши потреби и желби. На овој начин аудиолозите во нашата ординација можат да го подесат слушниот апарат да одговара баш за Вашиот слушен проблем.

Голем комфорт при носење

Иако Motion 13 спаѓа во група на задушни слушни апарати, тој многу дискретно и неприметно лежи зад увото. Неговиот софистициран дизајн овозможува апсолутна удобност при носењето.

За СИТЕ типови на оштетување на слухот

Motion 13 и уште поснажен модел Motion 13P поворно Ви овозможуваат да ги слушнете природните звуци на животот без разлика дали имате лесно, средно, тешко или многу тешко оштетување на слухот.

Опција за Telecoil

Вратничката за батерија на Signia Motion 13 слушниот апарат може да биде опремена со Telecoil. На тој начин се овозможува на местата каде што постои индукциско поле за Telecoil да го приклучите Вашиот апарат и да го слушате звукот појасно и директно во Вашето уво.

Вашиот глас - најприроден досега

Било да сте вклучени во дискусија за некое уметничко дело или сте возбудени да го искусите духот на некој нов град, Motion 13 слушниот апарат Ви овозможува со задоволство да ги слушате звуците на природата и повторно да уживате во нив.

Уживајте во директен пренос на телефонски разговори, ТВ и музика

Слушајте ја Вашата омилена песна, подесувајте ја јачината на звукот додека ја гледате Вашата омилена серија или добивајте ги директно во уво насоките од Вашата GPS апликација - сето тоа преку Signia Motion 13 слушниот апарат! Се што треба е да го поврзете со Вашиот паметен телефон.

Преку Signia апликација, слушниот апарат има можност да се поврзе и контролира мануелно и едноставно преку Вашиот телефон или далечински управувач - MiniPocket.

Контролирање преку мобилната апликација Signia App

Вграден Bluetooth за директен пренос на звук од телефон, ТВ итн.

Најприродна перцепција на сопствениот глас преку Own Voice Processing

Уреди кои одговараат со Motion 13 и 13P Nx

02/313-5524

Закажете преглед

пон-пет 08-20 ч.

саб 08-12 ч.

Онлајн

продавница

Бесплатен

онлајн тест за слух