Бидејќи животот е створен за да споделуваме.

Новите Run слушни апарати Ви нудат совршено слушно искуство во секој момент. Лесен и извонредно удобен за носење, овој задушен слушен апарат е наменет за средно до тешко оштетување на слухот. Покрај задушните, постојат и интраканални слушни апарати кои со својот генијален дизајн беспрекорно седат во Вашето уво. Која и да е ситуација, Run слушните апарати секогаш го пренесуваат звукот со супериорен квалитет.

Run доаѓа во 2 форми:

  • Задушен - BTE 
  • Интраканален - ITE

Што сѐ Ви нудат Run BTE апаратите.

  1. Микрофоните на задушниот Run слушен апарат ги собираат и појачуваат звуците околу Вас. Најмногу се фокусираат на звуците кои доаѓаат однапред, а воедно ја намалуваат бучавата која доаѓа од другите насоки.
  2. Слушниот апарат е идеален за тешко оштетување на слухот.
  3. Постои лесно рачно подесување најачината на звукот, како и програмот за слушање.
  4. Лесно се менуваат батерии, повеќе немате потреба од професионална помош за менување на батерии кога ќе им помине рокот на траење.
  5. Слушниот апарат е изграден од најдобрите материјали отпорни на влага, пот, и прашина.
  6. Благодарејќи на неговиот ергономски облик, Run слушниот апарат нуди извонредна удобност во текот на носењето.

Што добивате со Run Click интраканалните апарати.

  1. Звукот се пренесува преку микрофонот при што доаѓа до неговото појачување за појасно слушање.
  2. Вентингот во цуцлата овозможува циркулација на воздухот и чувство на природен, отворен слушен канал.
  3. Лесни за промена, Click-цуцлите се направени од мек силикон кој е многу прилагодлив и Ви нуди супериорна удобност во носењето. Присутен во неколку различни големини, Click-цуцлите се прилагодуваат на сите ушни канали.
  4. Слушниот апарат лесно се вади од увото со помош на транспарентното конче.
  5. Едноставно менување на батерии.
Lotus Prompt CIC

Додајте малку магија во Вашиот живот.

Звукот на птиците во природа, детскиот џагор или жуборот на водата, сите нас не чинат среќни. Со новите Run слушни апарати на Signia, повторно можете да уживате во звуците на животот. Новиот Run секогаш ќе Ви прави друштво во овие магични мигови.

  • Погоден за сите конверзации
  • Во тивки или бучни средини
  • Погоден за ресторани, театри, опери, спортски наптревари...

Контролирање преку мобилната апликација Signia App

Ги покрива СИТЕ степени на губиток на слух

Веднаш се штелуваат преку мобилна апликација и се спремни за носење

Уреди кои одговараат со Run слушните апарати.

02/313-5524

Закажете преглед

пон-пет 08-20 ч.

саб 08-12 ч.

Онлајн

продавница

Бесплатен

онлајн тест за слух