Insio primax


Слушање со леснотија

Природни, незабележливи и едноставни

Елегантен и минималистички дизајн на Insio слушниот апарат совршено и неприметно одговара на Вашето уво, овозможувајќи истовремено да чувствувате и дискреција и удобност при носењето.

Максимална дискреција

Нека не Ве измамува малата димензија на Insio слушниот апарат! Тој е опремен со најновата технологија која придонесува за најприродно слушање на звуците околу Вас.

 

Уживајте во природниот звук на животот

Било да се наоѓате на улица преполна со луѓе, на состанок во канцеларија или ресторан со гласна музика, секогаш кога сте во бучна средина потребно е да вложите повеќе труд и концентрација за да можете да ја одржите комуникацијата со другите.

Новиот Insio слушен апарат е право решение за овој проблем. Со неговата напредна функција за говор тој постојано ги селектира звуците кои доаѓаат ов Вашиот соговорник и ги намалува несаканите звуци од околината - на овој начин комуникацијата со другите е значително полесна.

Селектиран звук

Со новата функција eWindScreen™ binaural Insio слушниот апарат може да го намали шумот и зуењето на ветерот, како и острите шкрипења и гласните сирени од колите!

Погоден за сите ситуации.

Повторно сте на работа, во канцеларија со многу луѓе и телефони кои непрекинато ѕвонат. Токму во овие ситуации Insio се истакнува над другите слушни апарати. Неговата автоматска опција за говор (SPEECH function) го појачува гласот на Вашиот соговорник додека истовремено ја намалува бучавата околу Вас.

Потоа, се наоѓате во фоаје на дипломатскиот прием, и слушате како гласот на водителот одѕвонува. EchoShield програмата на Insio слушниот апарат го намалува ехото и на тој начин придонесува кон појасна разбирливост на звукот.

Уживајте во Вашата омилена музика.

HD Music програмата на Motion слушниот апарат овозможува извонреден квалитет на звукот и е специјално наменета за целосно уживање во музиката. Било да ја слушате омилената музика на концерт, од дома или Вие самите свирите на некоја свирка, си HD Music програмата добивате супериорно искуство во слушањето.

Контролирање преку мобилната апликација Signia App

Можност за директен пренос на звук од телефон, ТВ и други Bluetooth уреди преку Easy Tek уредот.

tinnitus

3 вида терапија за тинитус или зуење во ушите

Уреди кои одговараат со Insio primax

02/313-5524

Закажете преглед

пон-пет 08-20 ч.

саб 08-12 ч.

Онлајн

продавница

Бесплатен

онлајн тест за слух