Insio Nx

Најдобрите и најмали интраканални апарати со природен звук кои сега можат да бидат и Bluetooth опремени за Ваша максимална удобност

Insio Nx интраканалните слушни апарати доаѓаат во две варијанти: ITE/ITC кои се Bluetooth опремени и CIC/IIC кои се најмалите практично невидливи слушни апарати.

Животот е подобар со Insio! Најновиот Insio слушен апарат на Signia е посебно скроен да одговара на униктната анатомија на Вашето уво, како и на Вашето нарушување на слухот. Тој Ви овозможува да уживате во времето кое го поминувате со Вашите најблиски, а притоа да не се грижите за Вашиот изглед со слушниот апарат, ниту за Вашето слушање и вклучување во разговорот. Поради својот чудесно дискретен, минималистички дизајн и извонреден квалитет на звукот, новиот Insio слушен апарат повторно Ви ја враќа самодовербата да ги искусите и уживате во најубавите мигови во Вашиот живот.


Индувидуално oбликуван кон Вашето уво

Елегантен и минималистички дизајн на Insio слушниот апарат совршено и неприметно одговара на Вашето уво, овозможувајќи истовремено да чувствувате и дискреција и удобност при носењето.

Bluetooth моделот дури има и копче - "push button"

Преку копчето на слушниот апарат, можете да ги менувате програмите за слушање, а и гласноста на слушните апарати мануално.

За голем опсег на оштетување на слухот

Лесно, средно или тешко оштетување на слухот, Insio слушниот апарат може да ги надмине сите предизвици и слушни проблеми, враќајќи ги повторно природните звуци во Вашиот живот.

blank

Софистицираност во мало пакување

Нека не Ве измамува малата димензија на Insio слушниот апарат! Тој е опремен со најновата технологија која придонесува за најприродно слушање на звуците околу Вас. Можно е и контролирање на апаратот преку телефон или MiniPocket.

blank

Кристално чист и природен звук

Било да ја слушате музиката на коцерт или уживате во звуците на новиот град, Signia Insio слушниот апарат Ви овозможува со задоволство да ги слушате звуците на животот.

Секогаш кога сме во бучна средина која може да ни го отежне слушањето, потребно е да се вложи поголем труд и концентрација за да слушнеме она што е важно. Баш поради таквите ситуации, Insio слушниот апарат е опремен со специјална технологија која, имитирајќи го природниот начин на кој го локализираме звукот, овозможува да се фокусирате само на разговорот со Вашиот соговорник, притоа филтрирајќи ги сите непожелни звуци околу Вас.

Уживајте во директен пренос на телефонски разговори, ТВ и музика

Слушајте ја Вашата омилена песна, подесувајте ја јачината на звукот додека ја гледате Вашата омилена серија или добивајте ги директно во уво насоките од Вашата GPS апликација - сето тоа преку Signia Insio слушниот апарат! Се што треба е да го поврзете со Вашиот паметен телефон.

Преку Signia апликација, слушниот апарат има можност да се поврзе и контролира мануелно и едноставно преку Вашиот телефон или далечински управувач - MiniPocket.

Погледнете го Insio Nx ITC

Погледнете го Insio Nx IIC и CIC

blank

Контролирање преку мобилната апликација Signia App

blank

Вграден Bluetooth за директен пренос на звук од телефон, ТВ итн.

tinnitus

3 вида терапија за тинитус или зуење во ушите

Уреди кои одговараат со Insio Nx

02/313-5524

Закажете преглед

пон-пет 08-20 ч.

саб 08-12 ч.

Онлајн

продавница

Бесплатен

онлајн тест за слух