Prompt


За важните моменти во животот.

Новиот Prompt слушен апарат Ви нуди голем опсег на решенија за скоро секој тип на оштетување на слухот. Опремени со напредна технологија како што е можноста за спречување на фонија, Prompt овозможува одлично слушање. Три задушни модели на апарати од оваа фамилија нудат неверојатен комфорт заедно со леснотија за користење и ги покриваат сите нивоа на оштета на слухот. Prompt има и интраканални модели кои со нивните генијални, заменливи, меки Click навлаки едноставно се поставуваат на интраканалниот слушниот апарат и даваат голема удобност во носењето. Со својот опсег на различни програми, Prompt слушните апарати ви помагаат во најразлични ситуации.

Prompt доаѓа во 2 форми - интраканален и задушен.

blank

Што сѐ Ви нудат Prompt BTE апаратите.

  1. Микрофонот на Prompt задушниот слушен апарат е дирекционален, што значи може да се насочува кон објектот од интерес. Тој ги амплифицира примените звуци, фокусирајќи се на звукот кој доаѓа пред вас, додека ги намалува звуците во позадината.
  2. Копчињата на задниот дел од апаратот ви овозможуваат лесна и брза промена програмот и подесите јачината на звукот, доколку ја промените средината во која слушате.
  3. Prompt задушните апарати се тестирани и испробани во најпредизвикувачки средини и се резистентни на влага, пот и замастеност. Затоа Prompt е спремен да им се спротивстави на проблемите на секојдневниот живот.
  4. Prompt P и SP моделите доаѓаат со рогче за зголемена амплификација. Лесната олива придонесува за сигурно и соодветно вклопување кое ги насочува звуците директно во вашето уво.
  5. Вратничката за батерија на Prompt задушните апарати може лесно да се отвори и затвори така што ке можете да ја промените батеријата брзо и едноставно.
  6. На места кои се опремени со induction loop,  Telecoil и T-Coil функцијата на Prompt P и SP моделите ви помагаат да го разберете подобро и појасно говорникот.
  7. Prompt P и SP можете да го промените местото за батерија со опционален дел за т.н. Audio Shoe. Кога се наоѓате во средина со зголемена бучавост, микрофонот го прима звукот/гласот на соговориникот директно во вашето уво.
Lotus Prompt BT

Што добивате со Prompt Click интраканалните апарати.

  1. Звуците се пренесени преку микрофон и амплифицирани за појасно слушање.
  2. Отворот на Click влошките  дозволува циркулација на воздухот во увото која ви дава чуство на нормално слободен слушен канал.
  3. Лесните за промена Click влошки  се направени од мек силикон кој брзо и лесно се вклопува со апаратот и дава чуство на удобност и леснотија при ставање/вадење. Достапни во 4 различни големини, постои Click sleeve за секое уво.
  4. Дискретен, а сепак пријатен, жичката за вадење ви овозможува лесно да го извадите слушниот апарат од вашето уво.
  5. Лесно за ракување и отворање, можете брзо и лесно да ја промените стандардната батерија.

Lotus Prompt CIC

Некои нешта се створени за споделување.

Од шепнат комплимент до звукот на веселиот детски џагор или песната на птиците во летната градина, животот е полн со моменти кои се створени за споделување. Со Prompt слушните апарати тука да Ви помогнат, можете да уживате во секој момент со целосна самодоверба и да бидете дел од нив.

  • Одличен за секоја конверзација - со секого.
  • Во домот, било да е тивко или да децата трчаат наоколу.
  • Во метеж, многу бучни средини, како на пример ресторани или маркети.
blank
blank

Контролирање преку мобилната апликација Signia App

blank

Ги покрива СИТЕ степени на губиток на слух

blank

Спречување на одбивање (feedback) на звуците и фонија

Уреди кои одговараат со Prompt слушните апарати.

02/3121-503

Закажете преглед

пон-пет 08-20 ч.

саб 08-12 ч.

Онлајн

продавница

Бесплатен

онлајн тест за слух