Д-р Александар Караџинов
Во 1986 год. дипломира на Медицински Факултет во Скопје. Вработен во Градската Хируршка Клиниката Св. Наум од 1989 до 2001г. Специјализација по општа хирургија завршува 1995г. Асисстент е на студентите по општа хиругија. Во 2001 задно со сопругата Др. Софија Туџарова-Караџинова ја основаат својата приватната Поликлиника Акус Медикус со Центар за слух и слушни апарати Сименс во Скопје, каде сеуште работи. Ја развива лабораторијата за протетика за слушни оливи и сервис на слушните апарати СИМЕНС. За време на усовршувањето престојува на студиски престои во повеќе реномирани европски универзитетски центри, Цирих (Проф. Шрајбер), Ерлнаген (Проф. Бек), Стразбург (детска трауматологија Проф. Клаверт и остеосинтеса со клинови Проф. Кинчер и Проф. Грос), Нант (ендопротетика на колк и рамо - Проф. Летенер), Гент (ендоскопија и протези на колено Проф. Вердонк), Хамбург (слип апнеа - Prof.Tomas Pherse). Автор на повеќе медицински трудови. Завршува повеќе курсови за Традиционална медицина и Акупунктура кај Проф. Шкоклев, Проф. Туџаров и Др. Дервишевиќ.
Консултативна хирургија:
- Врши консултации од областа на Травматологијата,
- Репозиции и конзервативен третман на скршеници,
- Акупунктура и Ласеротерапија како постоперативен третман,
- Третман на болка каj лумбоишиалгии, парези, контрактури, отоци и др.