Неговото резиме изобилува со работно искуство и со обемство на вештини. Има работено 2000-2001 г. во Ноќна Служба на Здравствен Дом Скопје, 2001-2008 г. во Итна Медицинска Помош, Здравствен Дом Скопје, 2008-2011 г. во Ординација по Интерна медицина, Здравствен Дом Скопје, 2011-2017 г. во Ординација по Интерна медицина и Кардиологија, ПЗУ Медика Плус Скопје, 2017-2019г. во Специјална болница за хируршки болести Жан Митрев Клиник Скопје и од 2019 г. е во Ординацијта по Интерна медицина и Кардиологија, ПЗУ Акус Медикус Скопје.
Техниките и методите кои ги изведува се трансторакална ехокардиографија, доплер ехотомографија на каротидни артерии, на периферни артерии и вени, на абдомен и на штитна жлезда, потоа коронарен стрес тест, 24 ч. ЕКГ Холтер мониторинг, 24 ч. АБП Холтер мониторинг, спирометрија и полисомнографија.
Член е на повеќе интернационални светски и национални здруженија како: МЗК - Македонско здружение по кардиологија, ESC - Европско здружение по кардиологија, EHFA - Европска асоцијација за срцева болест, EHRA - Европска асоцијација за срцев ритам и ACCA- Асоцијација за акутна срцева нега.
Од 1978 до 1980 обавува додипломски медицински студии на Државниот Универзитетот Вест Честер (West Chester University) во Вест Честер, Пенсилванија, САД. Во 1996 специјализација по Интерна медицина и кардиологија, Медицински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија.
Го одбранува својот докторат во 2002 год на Медицински факултет, Универзитет Св. “Кирил и Методиј“, Скопје, Македонија. Во 2004 прави супспецијализација по кардиологија со електрофизиологија (Програма за акредитација спроведена во согласност со промените на ЕУ во медицинската пракса), Медицински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија.
Тој е член на многу здруженија и организации меѓу кои и: Македонската Асоцијација за Хипертензија, European Heart Rhythm Association (EHRA), Working Group on Arrhythmias (WGА) of the the European Society of Cardiology (ESC), Европското здружение за кардиологија(European Society of Cardiology -FESC), почесен член на Друштвото за срцев ритам (порано познато како Северноамериканско здружение за чекорење и електрофизиологија – North American Society of Pacing and Electrophysiology(NASPE) и член на Работните групи за срцева аритмија и срцева електрофизиологија на Македонското здружение за кардиологија.