Уво нос и грло

Специјалист по оториноларингологија

Во 1998 год. започнува со студирање на Медицинскиот Факултет во Стара Загора- Тракиски Универзитет во Бугарија, а потоа продолжува на Медицинскиот Факултет во Скопје, каде во 2004 год. дипломира на истиот и се стекнува со диплома- лекар по опша медицина.

Во периодот од 2005 до 2006 год. волонотира како општ лекар на одделот за општа хирургија во ЈЗУ-Општа Болница во Прилеп.

Од 2007 год. започнува да работи како општ лекар во поликлиника Акус Медикус.

После неколку години како општ лекар, во 2011 година започнува со специјализација на Клиниката за Уво,Нос и Грло во Скопје и во 2015 се стекнува со титулата-специјалист по оториноларингологија на истата Клиника.

Во тек на специјализација во два наврати прави дополнителна едукација и стручен престој во Салзбург (2012) и Krankenhaus Heitzing – Виена (2013),  Австрија.

Член на Лекарска комора на Македонија и Здружението на лекари специјалиси по Оториноларингологија.

Специјалист по оториноларингологија

Во 1986 дипломира на Медицински Факултет во Скопје. Вработена на Клиникта за Уво, нос и грло во Скопје завршува специјализација по Оториноларингологија во 1994 г. Асистент на студентите по ОРЛ. Во 2001 ја напушта Клиниката за ОРЛ и заедно со сопругот Др. Александдар Караџинов ја основаат својата приватната Поликлиника Акус Медикус со Центарза слух и слушни апарати Сименс во Скопје, каде што сѐ уште работи. За време на усовршувањето престојува на студиски престои во повеќе реномирани европски универзитетски центри, Луцерн, Ерлнаген, ( Endoskopija Prof. Vigand, Prof.Iro), Стразбург (Prof. Conraux), Нант (Proof. Beauvillain), Гент (Audiologija - Prof. Cauvenberge), Хамбург (Slip apnea kaj Prof.Tomas Pherse). Завршува повеќе Курсови за традиционална Медицина и Акупунктура кај Проф. Шкоклев, Проф. Туџаров и Др. Дервишевиќ. Со Акупунктура и Ласеротерапија успешно лекува функционални проблеми како Парези на Фацијаниот нерв, Неуропатии, Птоза, Мигрена, како и постоперативен третман и третман на болка кај Лумбоишиалгии, контрактури, отоци и др. Автор на повеќе медицински трудови.

02/313-5524

Закажете преглед

пон-пет 08-20 ч.

саб 08-12 ч.

Онлајн

продавница

Бесплатен

онлајн тест за слух