Д-р Дејан Крстевски

Д-р Дејан Крстевски

специјалист интернист-кардиолог

Неговото резиме изобилува со работно искуство и со обемство на вештини. Има работено 2000-2001 г. во Ноќна Служба на Здравствен Дом Скопје, 2001-2008 г. во Итна Медицинска Помош, Здравствен Дом Скопје, 2008-2011 г. во Ординација по Интерна медицина, Здравствен Дом Скопје, 2011-2017 г. во Ординација по Интерна медицина и Кардиологија, ПЗУ Медика Плус Скопје, 2017-2019г. во Специјална болница за хируршки болести Жан Митрев Клиник Скопје и од 2019 г.  е во Ординацијта по Интерна медицина и Кардиологија,  ПЗУ Акус Медикус Скопје.

Техниките и методите кои ги изведува се трансторакална ехокардиографија, доплер ехотомографија на каротидни артерии, на периферни артерии и вени, на абдомен и на штитна жлезда, потоа коронарен стрес тест, 24 ч. ЕКГ Холтер мониторинг, 24 ч. АБП Холтер мониторинг, спирометрија и полисомнографија.

Член е на повеќе интернационални светски и национални здруженија како: МЗК - Македонско здружение по кардиологија,  ESC - Европско здружение по кардиологија, EHFA - Европска асоцијација за срцева болест, EHRA - Европска асоцијација за срцев ритам и ACCA- Асоцијација за акутна срцева нега.

02/313-5524

Закажете преглед

пон-пет 08-20 ч.

саб 08-12 ч.

Онлајн

продавница

Бесплатен

онлајн тест за слух