Д-р Александар Аврамоски
Во 1998 год. започнува со студирање на Медицинскиот Факултет во Стара Загора- Тракиски Универзитет во Бугарија, а потоа продолжува на Медицинскиот Факултет во Скопје, каде во 2004 год. дипломира на истиот и се стекнува со диплома- лекар по опша медицина.
Во периодот од 2005 до 2006 год. волонотира како општ лекар на одделот за општа хирургија во ЈЗУ-Општа Болница во Прилеп.
Од 2007 год. започнува да работи како општ лекар во поликлиника Акус Медикус.
После неколку години како општ лекар, во 2011 година започнува со специјализација на Клиниката за Уво,Нос и Грло во Скопје и во 2015 се стекнува со титулата-специјалист по оториноларингологија на истата Клиника.
Во тек на специјализација во два наврати прави дополнителна едукација и стручен престој во Салзбург (2012) и Krankenhaus Heitzing – Виена (2013), Австрија.
Член на Лекарска комора на Македонија и Здружението на лекари специјалиси по Оториноларингологија.