ПОЛИКЛИНИКА АКУС МЕДИКУС
Една од првите приватни поликлиники отворени на територија на Р. Македонија. Основана во 2001. година, поликлиниката секогаш ги прати најновите достигнувања и технологии во модерната медицина, нудејќи ја притоа најдобрата можна услуга на своите пациенти.
Поликлиниката има договор со Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ), и работи со сини и зелени картони.
ПЕРСОНАЛОТ
Акус Медикус е составен од врвните доктори и искусните медицински сестри, професионални, љубезни, весели и секогаш спремни да помогнат на секој пациент. Тоа го потврдуваат и повеќе од 40 000 задоволни пациенти кои ја избрале поликлиниката Акус Медикус.
УСЛУГИ
Поликлиниката Акус Медикус ви нуди бројни услуги почнувајќи од одделот за уво, нос и грло (оториноларингологија), интерна медицина, консултативна хирургија и општа медицина, се до традиционалната кинеска медицина – акупунктура.
Уво, нос и грло
Проблемите од полето на оториноларингологија се едни од најчестите заболувања во пошироката популација, и скоро да не постои некој што немал проблеми поврзани со грлото, носот или увото.
Интерна медицина
Знаејќи дека болестите на срцето се на прво место за најчеста причина за смрт, задача на нашите лекари е да ги откријат овие ризик фактори или заболувања и да ги превенираат, односно лекуваат.
Општа Медицина
Лекар кој најчесто доаѓа во прв контакт со пациентот, освен што ги лекува сите чести акутни и хронични болести, тој се фокусира на здравјето на единката комбинирајќи ги и физичкиот, и психолошкиот, и социјалниот аспект на грижата за пациентот.
Акупунктура
Имате проблеми од пареза на фацијалис, невралгија на тригеминален нерв, мигрена, контрактури и отоци и болки од дискус хернија или ишијас?…
Хирургија
Консултации од областа на Травматологијата, репозиции и конзервативен третман на скршеници, акупунктура и ласеротерапија како постоперативен третман, третман на болка каj лумбоишиалгии, парези, контрактури, отоци и др.