Слушни апарати

Слушни апарати се уреди кои помагаат повторно да се овозможи слушањето. Слушни апарати доаѓаат во различни големини и облици и како што напредува технологијата има сѐ повеќе и повеќе иновитети. Тоа прави потешкотии при избор на слушен апарат, имајќи предвид дека слушните апарати не се толку популарна тема за разговор меѓу луѓето. За споредба, 64% од луѓето во светот носат очила за гледање, а само 3% од луѓето имаат потредба од слушен апарат од кои само 1/3 или 33% од оние на кои им треба слушен апарат, навистина носат.

Луѓето кои имаат потреба од слушен апарат не признаваат сѐ додека не дојде до големо ниво на загуба на слухот, кое е веќе многу тешко да се корегира. Затоа треба што порано да се прават проверки на слухот и да се носи слушен апарат, кој ќе овозможи зачувување на слухот. Околу 2 до 3% од луѓето меѓу 45 и 55 години имаат потреба од слушен апарат, но тој процент драстично се зголемува на 8% кај луѓето на возраст од 55 до 65, и уште поголем станува кај оние над 65 години.

Слушните апарати не се само звучници во уво кои го појачуваат звукот. Тие се многу софистицирани уреди кои имаат комплексен софтвер кој од година во година се надградува за да овозможи најприродно слушање на звукот.  Пософистицираните слушни апарати се подесуваат индивидуално според аудиограмот, односно нивото на пад на слухот. Тоа, заедно со годините на индивидуата и нејзините или неговите преференци се користи за креирање на индивидуална формула за слушање според која се програмират апаратите.

Модерните слушни апарати поради нивната современа технологија можат да се користат со Bluetooth приемници и паметни телефони. Корисниците можат сами да си ги подесуваат функциите како промена на програма за слушање или јачина на звук неприметно преку своите телефони или специјални далечински управувачи. Слушните апарати можат микрофонот да го менуваат фокусирано кон одреден објект од интерес наместо да ги пренесува сите околни звуци. Оваа функција е одлична во бучни средини. Така всушност корисниците на овие апарати слушаат подобро од оние кои немаат потреба од нив во истите ситуации. Нели е тоа инзвонредно!

Акус Медикус поседува изобилство на модели на слушни апарати за секого и сечиј џеб. Од оние кои сакаат модерни, елегантни апарати, оние кои сакаат апарат кои можат да го користат со сите негови технолошки подобности за аудио стриминг, конференции, гледање телевизија и водење телефонски разговори без раце, оние кои ја претпочитаат дискрецијата и сакаат невидлив слушен апарат во увото, до оние кои сакаат сигурен, издржлив и ефтин слушен апарат. Сето тоа ние го имаме и можеме да Ви го овозможиме.

02/3121-503

Закажете преглед

пон-пет 08-20 ч.

саб 08-12 ч.

Онлајн

продавница

Бесплатен

онлајн тест за слух