Оториноларингологија или скратено ОРЛ е област од медицината која се занимава со дијагностицирање и лекување на болестите поврзани со уво, нос и грло.
Проблемите од полето на оториноларингологија се едни од најчестите заболувања во пошироката популација, и скоро да не постои некој што немал проблеми поврзани со грлото, носот или увото. Покрај овие, ОРЛ лекарите се грижат и за проблемите со параназалните синуси, гркланот - ларинкс, алергии, 'рчење и слип апнеа (obstructive sleep apnea - OSA), вртоглавици и вертиго, како и пареза на лицевиот нерв.
Најмалку барем еднаш во годината секој од нас почуствувал болка во грлото, течење или запушен нос, болка во увото или вилицата, зуење во ушите или ослабен слух, вртоглавици, проблеми со синуисте, и уште многу други симптоми и проблеми.
Сигурно секој се запрашува дали се работи за лесно заболување или можеби се крие некој посериозен проблем или оштетување.
Во нашата ординација по уво, нос и грло се дијагностицираат и третираат пациенти од сите возрасти - од бебиња па се' натаму .
За сите овие проблеми тука е да Ви помогне ОРЛ тимот – доктор Софија Туџарова-Караџинова и доктор Александар Аврамовски, специјалисти по оториноларингологија.
Д-р. Софија Туџарова-Караџинова
Специјалист по оториноларингологија
Во 1986 дипломира на Медицински Факултет во Скопје. Вработена на Клиникта за Уво, нос и грло во Скопје завршува специјализација по Оториноларингологија во 1994 г. Асистент на студентите по ОРЛ. Во 2001 ја напушта Клиниката за ОРЛ и заедно со сопругот Др. Александдар Караџинов ја основаат својата приватната Поликлиника Акус Медикус со Центарза слух и слушни апарати Сименс во Скопје, каде што сѐ уште работи. За време на усовршувањето престојува на студиски престои во повеќе реномирани европски универзитетски центри, Луцерн, Ерлнаген, ( Endoskopija Prof. Vigand, Prof.Iro), Стразбург (Prof. Conraux), Нант (Proof. Beauvillain), Гент (Audiologija - Prof. Cauvenberge), Хамбург (Slip apnea kaj Prof.Tomas Pherse). Завршува повеќе Курсови за традиционална Медицина и Акупунктура кај Проф. Шкоклев, Проф. Туџаров и Др. Дервишевиќ. Со Акупунктура и Ласеротерапија успешно лекува функционални проблеми како Парези на Фацијаниот нерв, Неуропатии, Птоза, Мигрена, како и постоперативен третман и третман на болка кај Лумбоишиалгии, контрактури, отоци и др. Автор на повеќе медицински трудови.
Д-р Александар Аврамоски
Специјалист по оториноларингологија
Во 1998 год. започнува со студирање на Медицинскиот Факултет во Стара Загора- Тракиски Универзитет во Бугарија, а потоа продолжува на Медицинскиот Факултет во Скопје, каде во 2004 год. дипломира на истиот и се стекнува со диплома- лекар по опша медицина. Во периодот од 2005 до 2006 год. волонотира како општ лекар на одделот за општа хирургија во ЈЗУ-Општа Болница во Прилеп. Од 2007 год. започнува да работи како општ лекар во поликлиника Акус Медикус. После неколку години како општ лекар, во 2011 година започнува со специјализација на Клиниката за Уво,Нос и Грло во Скопје и во 2015 се стекнува со титулата-специјалист по оториноларингологија на истата Клиника. Во тек на специјализација во два наврати прави дополнителна едукација и стручен престој во Салзбург (2012) и Krankenhaus Heitzing – Виена (2013), Австрија. Член на Лекарска комора на Македонија и Здружението на лекари специјалиси по Оториноларингологија.
Дијагностичките процедури кои се изведуваат во нашата поликлиника се:
преглед на надворешниот слушен канал и на ушната мемебрана.
претставува метода за испитување на слухот со која се определува степенот на оштетувањето на слухот и неговата етиологија.
(за нистагмус и вертиго - вртоглавици)
тест за испитување на спонтан Nystagmus со помош на Frenzel-ови очила, проби на ортостатика и проби на динамостатика. Ова се користи за испитување на потекло на вртоглавица.
Третирање на чести, повторувачки крварења од нос со помош на стапчиња со сребро нитрат.
претставува скен за дијагностика на различни патолошки состојби и за следење на пациентите по спроведен третман за заболувања на максиларните и фронталните синуси.
преглед за испитување на ларинкс и гласни жици.
преставува објективна метода за испитување на состојбата на средното уво, присуство на течност и причина за намален слух особено кај деца.
претставува објективна метода за испитување на слухот каде се регистрираат сигнали емитирани во внатрешното уво, како одговор на звучна стимулација. Се користи за рано откривање на кохлеарни лезии кај новороденчиња, за рана детекција на оштетување на сетилните клетки во внатрешното уво при примена на ототоксични медикаменти и при акустична траумаи. (ТЕОАЕ, DPOAE)
Интервенција која го блокира горниот ларингеален нерв и ја намалува или спречува хроничната, здодевна кашлица.
се користи за да се испита причинителот за инфекциите на гореспоменатите органи, како би се спровела адекватна терапија.
ендоскопска метода, која со помош на флексибилен назофиберскоп јасно може да се визуелизираат внатрешноста на носот, носните ходници и епифаринкс(задниот дел од носната празнина) – преглед на трет крајник.
преставува дијагностичка метода за детекција на Sleep apnea, 'рчење, прекини во дишењето за време на сон. Тестот се изведува во домашни услови.
Заштитете го вашиот слух и вашето уво со нашите анатомиски тампони. Со нив Вие ќе добиете:
Заштита
Превенција
Заштита
Мирен
Пакет услуги
ОРЛ преглед со локален третман и испирање
2.500,00 ден.
ОРЛ преглед со испирање / чистење на уши
2.000,00 ден.
ОРЛ преглед со тимпанометрија и аудиометрија
3.500,00 ден.
ОРЛ преглед со едноскопија
3.500,00 ден.
Флексибилна фибер назо фаринго ларингоскопија за преглед на носот, трет крајник, промени на гласот и гласните жици.
Полиграфија - Sleep apnea тест
4.000,00 ден.
Тест за опструктивна ноќна апнеа / 'рчење во домашни услови.
Вестибуларен пакет - вртоглавици
4.500,00 ден.
ОРЛ преглед + тимпанометрија + аудиометрија + специјални тестови за вртоглавици и маневари за репозиција.
Аудиолошки скрининг кај новороденчиња
6.000,00 ден.
ОРЛ преглед + тимпанометрија + ОАЕ (отоакустични емисии)
Хемиска каутеризација
2.500,00 ден.
Третман за чести крварења од нос.
Кои тераписки методи ги нудиме?
- Медикаментозен третман на заболувањата
- Локален третман кај воспаление на надворешен слушен канал
- Испирање на уши
- Инхалација –кај проблеми со гласните жици, ларинксот, алергиски ринити, хронични проблеми со синусите
- Солукс – кај проблми со синусите
- Биоптрон третман – кај проблмеи со синусите, пареза на фацијалис
- Ласеротерапија – за лекување на пареза на фацијалис, за тригеминална невралгија
- Акупунктура- за лекување на пареза на фацијалис, за тригеминална невралгија
- Инфузиона и ампуларна терапија
- Каутеризација на мали крвни садови
- Слушни апарати
- Третирање на вертиго од периферен карактер (бенигно пароксизмално позиционо вертиго - BPPV)
Работно време на ординацијата по ОРЛ
Нашата ординација
има склучено договор
со Фондот за
здравствено осигурување
на Р. Северна Македонија.