Акупунктура

Акупунктура во Скопје

Имате проблеми од пареза на фацијалис, невралгија на тригеминален нерв, мигрена, контрактури и отоци и болки од дискус хернија или ишијас? Тогаш сте дошле на вистинското место бидејќи доктор Александар Караџинов, специјалист хирург, и доктор Софија Туџарова-Караџинова, специјалист оториноларинголог, се сертифицирани и докажани во областа на акупунктурата. Нашиот пристап е интеграција на акупунктурата заедно со електростимулација и ласеротерапија за да се добие максимален терапевтски ефект и резултати.

Нашата традиција потекнува уште од 1976 година кога проф. д-р Томе Туџаров ја воведува за прв пат акупунктурата во Македонија на Клиниката за максилофацијална хирургија. Од тогаш проф. д-р Томе Туџаров ја применувал и усовршувал оваа метода за успешно да лекува многу заболувања. Знаењето од оваа област го предава на својата ќерка д-р Софија Туџарова, која заедно со доктор Александар Караџинов ја продолжуваат оваа традиција и до ден денес.

Што е акупунктура?

Акупунктурата е составен и неразделив дел од старата кинеска медицина, односно од традиционалната кинеска медицина, позната и како ориентална медицина. Акупунктурата потекнува од латинските зборови: acus (игла) и pungera (убод), а акупунктурологија е наука за акупунктурата.

Поради нејзиното нагласено ефикасно делување сѐ повеќе привлекува внимание меѓу луѓето, поради невообичаениот филозофски пристап и алтернативниот начин на лекување, кој има позитивен ефект на организмот (без штетни влијанија) за разлика од современите медикаменти кои имаат несакани ефекти.

Во 1979 година светската здравствена организација (СЗО) ја призна акупунктурата како рамноправна медицинска гранка. Оправданоста за тоа лежи во исполнувањето на стандардите кои се во согласност со современата медицинска терапија и докажувањето на делување експериментално, клинички и лабораториски.

Како делува акупунктурата?

Акупунктурата не претставува алтернативна медицина по начинот на дејствување, туку алтернативна по своите ефекти. Многу автори на база на својата долгогодишна практика со право имаат кажано за акупунктурата дека „лекува и излекувала многу болести за кои современата медицина е немоќна“.

Акупунктурата го третира човекот во целост, затоа што ниедно заболување не е изолирано и секогаш е поврзано со други придружни симптоми.

Механизмот на делување на акупунктурата може да се објасни и преку неурофизиолошко делување врз нервните влакна кои одат до ‘рбетниот мозок и се искачуваат до големиот мозок.

Допонително квалитативниот и квантитативниот ефект се постигнува со создавање и делување на одделни биохемиски сигнални супстанци кои се јавуваат во вид на хормони, трансмитери или медијаторни супстанци.

Основните функции на биохемиските сигнали и рецептори се изразени преку: ендорфините и неуросекрецијата, преку зголемувањето на ACTH (адренокортикотропен хормон) и кортизолот во крвниот серум.

На ова се надоврзува и улогата на простагландините чија продукција е поквалитетна по спроведената електроакупунктурна стимулација.

И серотонинот како централен невротрансмитер во акупунктурната аналгезија привлекол посебен интерес кај истражувачите.

Кои се придобивки од акупунктурата

На акупунктурата и се припишува уште една сигнификантна предност, а тоа е нејзиното делување по природен пат без внесување на медикаменти во организмот.

Освен тоа акупунктурата доведува до јакнење на здравиот организам, до зголемување на неговите физички и интелектуални способности, како и до позитивни ефекти во гинекологијата, дерматовенерологијата, стоматологијата и во другите медицински дисциплини.

Благодарение на акупунктурната електростимулација, само по пат на неа и без медикаменти успешно сме лекувале: парези на лицевиот нерв од реверзибилен карактер, различни форми на миоартропатии на ТМЗ (виличниот зглоб), парцијална или тотална главоболка, хронична болка од дискус хернија и ишијас и др. болести.


Мислете за убавината и здравјето! Закажете консултација и третман.


02/313-5524

Закажете преглед

пон-пет 08-20 ч.

саб 08-12 ч.

Онлајн

продавница

Бесплатен

онлајн тест за слух