Заштита за уво

Персоналните тампони за бучава се професионално изработени анатомски ушни „влошки“ кои се прават според мерка земена од Вашето уво. Тие во зависност од употребениот материјал служат за редуцирање на бука до 30 dB , заштита на слухот, протекција од вода при пливање и водени спортови, заштита од ушни инфекции и др.

Слухот и здравјето на нашите уши не смее да се земе здраво за готово. Со новиот животен стил во ова време, доаѓаат и нови потенцијални штетници за нашето здравје. Така бучните моторни возила кога ќе зашкрипат на улица нѐ „шокираат“. Всушност го „шокираат“ и му вршат стрес на нашето уво и ушно тапанче. Аеродромите спаѓаат меѓу најбучните места, каде звукот на авион кој полетува достига дури 140dB. Оваа јачина е преголема и спаѓа во зоната на тешко оштетување на слухот. Можеби и вашата професија е таква во која сте изложени на константен звук со голема јачина. Вие МОРАТЕ да се заштитите, а ние ќе ви покажеме како.

Пливање и водени спортови

Летото и пливањето се вистинско релаксирање и уживање. Но се случува тоа да прекине поради ушна инфекција од валкана вода во увото било од море, езеро, река или базен. Иритантно е кога вода ќе навлезе во увото и ќе го попречи слушањето и константно ќе ја иритира особата. Но уште полошо е ако таа не се отстрани навреме што ќе доведе до воспаление на увото пропратено со голема болка. Затоа е многу важно да се заштитме од ова било да сме преофесионални пливачи или особи кои уживаме во пливањето како хоби и рекреација.

Нашите специјални тампони за пливање се изработуваат по мерка од вашите уши и комплетно го затвораат вашето уво на начин на кој е невозможно да влезе вода. Тампоните се изработуваат од издржлив и еластичен материјал кој е удобен за носење и кој нема рок на траење. Нема ни потреба да се грижите ако ви упаднат тапоните во вода, бидејќи не тонат и ќе пловат по површината. Може и да се поврзат со конец така што ќе ви бидат како пар секогаш и нема да ги изгубите. Колку и да ги користите, тие нема да се оштетат од водата ниту да се соберат и смалат.

Мислете навреме и спречете непотребни нервози и посети на лекар поради инфекции на увото.

Музика и Музичари

Сите уживаме во музика. Секој со својот омилен жанр и стил. За љубителите на музиката и оние кои работат со неа имаме солуција кон најчестите несакани ефекти: болка, зуење и пад на слухот.
Сите овие последици се должат на долготрајната изложеност на гласна музика, било поради слушање преку слушалки или дискотека.

Ние нудиме заштитни тампони за во уво кои ќе ја намалат јачината на звукот за да ги заштитат вашите уши. Тие не се како конвенционалните затки за во уво кои се универзални или направени по шаблон еден модел за сите од кои по одредено време почнуваат да болат ушите.

Нашите тампони за бучава се изработуваат посебно за секоја индивидуа бидејќи ушите на луѓето се различни. Од секој се зема посебен примерот, отисок од увото и ушниот канал. Затоа, никогаш нема да ве болат ушите од овие тампони и дури нема да ги приметите дека Ви се во уво.

Намалувањето на бучавата е а дури 30 dB, што осигурува дека слухот ќе си го сочувате.

 


За музичари нудиме СПЕЦИЈАЛНА услуга, а тоа се IN-EAR MONITORS. 6 различни модели со од 3 до 10 звучници во една слушалка. Изработени од акрил и специјален мек материјал на врвот и обликувани само за Вашето уво, овие монитори се направени за најврвен звук без дисторзија, за да го редуцираат звукот на сцената и да го намалат вокалниот умор. На овој начин овие монитори штитат од прекумерно гласната музика на сцена, но Ви дозволуваат да го чуете вистинскиот звук и фреквенција на инструментот или музиката како никогаш претходно.


Истражувањата покажале дека слушањето гласна музика може да доведе до иреверзибилни промени на слухот. Затоа не ја оставајте работата на случајност.

Издвојуваме: Ако се сомневате на проблем со вашето слушање, превземете го нашиот прашалник и само за 2 минути дознајте дали ви се потребни слушни апарати!

Спиење

Непрекинатото спиење во текот на ноќта е круцијално за целокупното здравје. Спиењето го оддржува имуниот систем да може да се бори против инфекции, моторната способност на нашите мускули и психата. Стресот кој се создава при прекини во сонот и будење ја нарушуваа оваа интегрална улога на доброто спиење. Живеењето во урбана средина, близу до аеродроми или високо фреквентни места е честа причина за ова. Доколку Вие се пронаоѓате тука и сметате дека ви е неопходен мирен сон го имаме решението.

Нашите тампони за уши се изработуваат од мек силикон кој ќе ви биде удобен и нема да ви пречи ниту да се вади во текот на ноќта. Околниот звук го намалуваат за до 30 dB со што ќе ви овозможи да имате мирен и непрекинат сон. Со ова ќе ви се подобри и целата општа состојба.

Патување

Дали често патувате? Дали Ве изморува звукот на автопатот, колите и моторите, буката во автобусот, звуците на вагоните, возот и луѓето внатре, буката на авионот и промените во притисокот? Дали морате да слуате своја гласна музика преку слушалки за да го смалите овој околен ефект, но  притоа се изложувате на ризик од оштетување на слухот? Ако одговоривте „да“ на едно од овие прашања, тогаш и Вие спаѓате во многуте луѓе кои посакуваат мирно патување кое нема да Ве истошти за целиот ден.

Солуцијата ви ја нудиме повторно со нашите меки анатомски тампони, кои значително ќе го намалат околниот звук што практично ќе стане занемарлив. Но, за разлика од слушалки или тампони кои по подолго носење го изморуваат увото и почнуваат да болат, нашите тампони го немаат тој проблем бидејќи се направени специјално за Вашето уво. Отсега уживајте во патувањето!

Ловџии, полиција и специјални служби

Овие особи се изложуваат на истрели од огнени оружја кои создават кратки звуци но со преголема јачина кои имаат деструктивен ефект кон ушното тапанче и слушните клетки во внатрешното уво. Доколку не се користи заштита, неизбежно е оштетувањето на слухот. Многубројни студии ја укажуваат оваа причинско-последична поврзаност.

Не оштетувајте си го слухот безпотребно кога не морате. Нашите тампони ќе ви го сочуваат слушањето. Воедно се и практични за носење за разлика од големите слушалки за пригушување на слухот на стрелиштата. Користете ги и на терен и секаде каде што ќе имате потреба.

 

Спортски судии

За спортските судии нудиме опција да се вгради пренесувачот во нашите тампони за да удобно лежи во увото и најважно – да не испаѓа. Со ова ќе можете безгрижно активно да се движите низ теренот и максимално професионално да судите, а и да изгледате.

Работа во бучна средина

Професионални работници во индустрија, гредежништво или фабрики во кои има многу голема бука и гласни звуци се најчестите особи кои страдаат од оштетен слух. Константната експозиција на гласни звуци ги оштетува влакната на слушните клетки во внатрешното уво. Тие потоа неможат да го пренесат звукот од тоа порачје и потребно им е многу посилен звук за да добијат импулс. Тоа пак створува маѓепсан круг кој дополнително ќе ги оштети останатите клетки.

Тоа исто ќе бара и повишен тон при зборување и на афектираната особа и на соговорникот, покачен тон на телевизорот и радио уредите, итн.

Спречете ова да Ви се случи Вам и реагирајте навреме. Нашите тампони за уши гарантирано ја намалуваат буката и околниот звук за до 30 dB што овозможува сочувување и поштедување на слухот и слушните клетки. Бидејќи се направени по мерка за вашите уши, нема да имате никаков проблем ниту болка ако ги користите долго време. Отпорни се на надворешни услови и вода така што нема да имате потреба да се сеќирате за нив. Работете без „гајле“.

Зошто нашите тампони за уши се супериорни над останатите?

Нашите тампони ги изработуваме самите ние во нашата лабораторија.

Изработени се користејќи 3D технологија за принтање и скенирање по највисоките стандарди.

Бидејќи секое уво е уникатно со свои кривини и острини, тоа ние го земаме како најголема важност за удобноста на овие тампони и ги изработуваме по отисок. Да, земаме отисок од важето уво и ги изработуваме овие тампони да бидат како клуч во брава за вашето уво. Што добивате со ова?

Максимална удобност при носење! Нема да ве болат ушите како при користење на конвенционални затки за уши. Практично откако ќе ги ставите по некое време ќе заборавите дека ги носите бидејќи се природни за вашето уво.

Заштита на ушниот канал. Вашето уво ќе биде заштитено од вода која може да предизвика восапление.

Заштита на слухот. Со намалување на јачината на звукот до 30 dB вашето слушање ќе биде поштедено од штетнте влијанија на силните звуци во позадината и околината.

Издржливост. Нашите тампони за уши се покажале како поиздржливи од било кои конвенционални затки за увото. Имаат скоро неограничен рок на траење.

Водоотпорност!

02/313-5524

Закажете преглед

пон-пет 08-20 ч.

саб 08-12 ч.

Онлајн

продавница

Бесплатен

онлајн тест за слух