Уво, нос и грло

Оториноларингологија или скратено ОРЛ е област од медицината која се занимава со дијагностицирање и лекување на болестите поврзани со уво, нос и грло.

Проблемите од полето на оториноларингологија се едни од најчестите заболувања во пошироката популација, и скоро да не постои некој што немал проблеми поврзани со грлото, носот или увото. Покрај овие, ОРЛ лекарите се грижат и за проблемите со параназалните синуси, гркланот - ларинкс, алергии, 'рчење и слип апнеа (obstructive sleep apnea - OSA), вртоглавици и вертиго, како и пареза на лицевиот нерв.

Најмалку барем еднаш во годината секој од нас почуствувал болка во грлото, течење или запушен нос, болка во увото или вилицата, зуење во ушите или ослабен слух, вртоглавици, проблеми со синуисте, и уште многу други симптоми и проблеми.

Сигурно секој се запрашува дали се работи за лесно заболување или можеби се крие некој посериозен проблем или оштетување.

Во нашата ординација по уво, нос и грло се дијагностицираат и третираат пациенти од сите возрасти - од бебиња па се' натаму .

Уво, нос и грло

За сите овие проблеми тука е да Ви помогне ОРЛ тимот – доктор Софија Туџарова-Караџинова и доктор Александар Аврамовски, специјалисти по оториноларингологија.


Д-р. Софија Туџарова-Караџинова

Специјалист по оториноларингологија

Во 1986 дипломира на Медицински Факултет во Скопје. Вработена на Клиникта за Уво, нос и грло во Скопје завршува специјализација по Оториноларингологија во 1994 г. Асистент на студентите по ОРЛ. Во 2001 ја напушта Клиниката за ОРЛ и заедно со сопругот Др. Александдар Караџинов ја основаат својата приватната Поликлиника Акус Медикус со Центарза слух и слушни апарати Сименс во Скопје, каде што сѐ уште работи. За време на усовршувањето престојува на студиски престои во повеќе реномирани европски универзитетски центри, Луцерн, Ерлнаген, ( Endoskopija Prof. Vigand, Prof.Iro), Стразбург (Prof. Conraux), Нант (Proof. Beauvillain), Гент (Audiologija - Prof. Cauvenberge), Хамбург (Slip apnea kaj Prof.Tomas Pherse). Завршува повеќе Курсови за традиционална Медицина и Акупунктура кај Проф. Шкоклев, Проф. Туџаров и Др. Дервишевиќ. Со Акупунктура и Ласеротерапија успешно лекува функционални проблеми како Парези на Фацијаниот нерв, Неуропатии, Птоза, Мигрена, како и постоперативен третман и третман на болка кај Лумбоишиалгии, контрактури, отоци и др. Автор на повеќе медицински трудови.

Д-р Александар Аврамоски

Специјалист по оториноларингологија

Во 1998 год. започнува со студирање на Медицинскиот Факултет во Стара Загора- Тракиски Универзитет во Бугарија, а потоа продолжува на Медицинскиот Факултет во Скопје, каде во 2004 год. дипломира на истиот и се стекнува со диплома- лекар по опша медицина. Во периодот од 2005 до 2006 год. волонотира како општ лекар на одделот за општа хирургија во ЈЗУ-Општа Болница во Прилеп. Од 2007 год. започнува да работи како општ лекар во поликлиника Акус Медикус. После неколку години како општ лекар, во 2011 година започнува со специјализација на Клиниката за Уво,Нос и Грло во Скопје и во 2015 се стекнува со титулата-специјалист по оториноларингологија на истата Клиника. Во тек на специјализација во два наврати прави дополнителна едукација и стручен престој во Салзбург (2012) и Krankenhaus Heitzing – Виена (2013),  Австрија. Член на Лекарска комора на Македонија и Здружението на лекари специјалиси по Оториноларингологија.


Дијагностичките процедури кои се изведуваат во нашата поликлиника се:

Заштитете го вашиот слух и вашето уво со нашите анатомиски тампони. Со нив Вие ќе добиете:

Заштита

од вода

Превенција

од ушни инфекции

Заштита

од бука

Мирен

сон

Пакет услуги

ОРЛ преглед со локален третман и испирање
2.100,00 ден.
ОРЛ преглед со ЕХО на синуси
1.700,00 ден.
ОРЛ преглед со тимпанометрија и аудиометрија
2.700,00 ден.
ОРЛ преглед со ларингоскопија
3.000,00 ден.
Полисомнографија - Sleep apnea тест
3.000,00 ден.

Кои тераписки методи ги нудиме?

  • Медикаментозен третман на заболувањата
  • Локален третман кај воспаление на надворешен слушен канал
  • Испирање на уши
  • Инхалација –кај проблеми со гласните жици, ларинксот, алергиски ринити, хронични проблеми со синусите
  • Солукс – кај проблми со синусите
  • Биоптрон третман – кај проблмеи со синусите, пареза на фацијалис
  • Ласеротерапија – за лекување на пареза на фацијалис, за тригеминална невралгија
  • Акупунктура- за лекување на пареза на фацијалис, за тригеминална невралгија
  • Инфузиона и ампуларна терапија
  • Каутеризација на мали крвни садови
  • Слушни апарати
  • Третирање на вертиго од периферен карактер (бенигно пароксизмално позиционо вертиго - BPPV)

Работно време на ординацијата по ОРЛ

Понеделник
08:00 - 20:00
Вторник
08:00 - 20:00
Среда
08:00 - 20:00
Четврток
08:00 - 20:00
Петок
08:00 - 20:00

 

Нашата ординација

има склучено договор

со Фондот за

здравствено осигурување

на Р. Северна Македонија.

Нашата ординација има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Р. Северна Македонија.

02/313-5524

Закажете преглед

пон-пет 08-20 ч.

саб 08-12 ч.

Онлајн

продавница

Бесплатен

онлајн тест за слух