Слушни апарати

Слушните апарати се Ваши мали пријатели кои повторно Ви овозможуваат да ги слушнете боите на звукот.

Слушни апарати доаѓаат во различни големини и облици и како што напредува технологијата има сѐ повеќе и повеќе иновитети. Тоа прави потешкотии при избор на слушен апарат, имајќи предвид дека слушните апарати не се толку популарна тема за разговор меѓу луѓето. За споредба, 64% од луѓето во светот носат очила за гледање, а само 3% од луѓето имаат потредба од слушен апарат од кои само 1/3 или 33% од оние на кои им треба слушен апарат, навистина носат.

Луѓето кои имаат потреба од слушен апарат не признаваат сѐ додека не дојде до големо ниво на загуба на слухот, кое е веќе многу тешко да се корегира. Затоа треба што порано да се прават проверки на слухот и да се носи слушен апарат, кој ќе овозможи зачувување на слухот. Околу 2 до 3% од луѓето меѓу 45 и 55 години имаат потреба од слушен апарат, но тој процент драстично се зголемува на 8% кај луѓето на возраст од 55 до 65, и уште поголем станува кај оние над 65 години.

Технологија

Слушните апарати не се само звучници во уво кои го појачуваат звукот. Тие се многу софистицирани уреди кои имаат комплексен софтвер кој од година во година се надградува за да овозможи најприродно слушање на звукот.  Пософистицираните слушни апарати се подесуваат индивидуално според аудиограмот, односно нивото на пад на слухот. Тоа, заедно со годините на индивидуата и нејзините или неговите преференци се користи за креирање на индивидуална формула за слушање според која се програмират апаратите.

Модерни слушни апарати

Модерните слушни апарати поради нивната современа технологија можат да се користат со Bluetooth приемници и паметни телефони. Корисниците можат сами да си ги подесуваат функциите како промена на програма за слушање или јачина на звук неприметно преку своите телефони или специјални далечински управувачи. Слушните апарати можат микрофонот да го менуваат фокусирано кон одреден објект од интерес наместо да ги пренесува сите околни звуци. Оваа функција е одлична во бучни средини. Така всушност корисниците на овие апарати слушаат подобро од оние кои немаат потреба од нив во истите ситуации. Нели е тоа инзвонредно!

Ние ги поседуваме слушните апарати од реномираните светски брендови со германско производство и најсовремена технологија - Сигниа и Рекстон.

 

Цени на слушни апарати

Цената на слушните апарати варира и зависи од повеќе фактори. Главно, моделот кој го купувате и неговата технолошка генерација се клучните фактори кои ја одредуваат цената. Интраканалните и RIC слушните апарати имаат поголема цена од класичните задушни или BTE слушни апарати. Опремата со која може да функционира слушниот апарат, со што ја олеснува неговата употреба и контрола, исто така влијае кон цената. Кон вкупниот износ на слушен апарат, мора да се земат во предвид и редовните контроли за нивно штелување и поддршка. Слушен апарат можете да добиете и бесплатно преку покривање од страна на Фондот за здравствено осигурување.

Каде се купуваат

Акус Медикус поседува изобилство на модели на слушни апарати за секого и сечиј џеб. Од оние кои сакаат модерни, елегантни апарати, оние кои сакаат апарат кои можат да го користат со сите негови технолошки подобности за аудио стриминг, конференции, гледање телевизија и водење телефонски разговори без раце, оние кои ја претпочитаат дискрецијата и сакаат невидлив слушен апарат во увото, до оние кои сакаат сигурен, издржлив и ефтин слушен апарат. Сето тоа ние го имаме и можеме да Ви го овозможиме.

За да Ви биде комплетно искуството, ние Ви ја препорачуваме додатната опрема која оди со слушните апарати. Искористете го потенцијалот до максимумот!

Нашите корисници се секогаш згрижени и сигурни, бидејќи имаме лабораторија со технички сервис и поддршка за нашите слушни апарати.

02/313-5524

Закажете преглед

пон-пет 08-20 ч.

саб 08-12 ч.

Онлајн

продавница

Бесплатен

онлајн тест за слух