Едноставно и најдобро решение за Вас.
Без разлика дали се работи за апарат со звуник во ушниот канал (RIC), за задушен (BTE) или интраканален (ITE), Интуис 3 фамилијата го има решението за Вас. Соодветни за сите нивоа на оштетување на слухот, овие слушни апарати овозможуваат соодветено, јасно и пријатно доживување на звукот со максимална дискреција и опции за промена на контролите преку Signia app или the miniPocket™.
Intuis 3 апаратите ги има во 3 форми - интраканален, задушен BTE и задушен RIC.
 
	Погледнете ги одликите на Intuis 3 BTE апаратите.
- Микрофонот кој се наоѓа зад увото на Intuis 3 слушниот апарат ги собира звуците и потоа ги амплифицира. Тие се фокусираат на звукот кој доаѓа од напред, а ги редуцира звуците од сите други насоки. По детектирање на звукот, апаратите ја активираат својата опција за насочување на звуците од насоката на говорителот директно во апаратот, дури и во средина каде има зголемена бучава.
- 
Копчето на задниот дел на апаратот Ви овозможува лесно и едноставно да го промените програмот според средината во која се наоѓате. 
- 
Оптимално слушање сведено на едноставност, пријатност и дискреција: 
 Без разлика на ситуацијата, Signia app ви дава целосна контрола на апаратот. Променето го програмот и подесете ја јачината на звукот дури и за длабоки и пискави тонови според Вашите потреби. Се што Ви треба е паметен телефон.
- 
Отпорен на влага, пот и замастување, Intuis 3 задушниот апарат ве прати во секоја ситуација, дури и кога вежбате. 
- 
На места кои се опремени со induction loop, Telecoil и T-Coil функцијата во Intuis 3 M, P и SP моделите ви помагаат да го разберете подобро и појасно говорникот. 
- 
Вратата за батеријата на Intuis 3 задушниот апарат може да се отвори и затвори без никаква порешкотија така што може да ја промените батеријата брзо и лесно. 
 
	 
	Одликите на Intuis 3 Click CIC и ITE апаратите
- Звуците се пренесуваат преку отворот за микрофон и се амплифицираат за појасно слушање.
- Лесно за ракување, да можете брзо и лесно да ја промените стандардната батерија.
- Дискретен, а сепак пријатен, жичката за вадење ви овозможува лесно да го извадите слушниот апарат од вашето уво.
- Signia апликацијата ви овозможува да го контролирате својот Intuis 3 преку Вашиот паметен телефон.
- Отворот во Click sleeve и интраканалните модели овозможуваат циркулација на воздухот во увото при што имате чувство на нормално отворен слушен канал.
- Лесни за промена, Click sleeve за Intuis 3 Click ITEs се направени од мек силикон кој брзо и лесно се вклопува со апаратот и прави чуство на удобност и леснотија при ставање/вадење. Достапен во 3 различни големини, постојат Click sleeve за секое уво.
 
	 
	Едноставните работи во животот се најдрагоцени.
Смеата на децата, телефонски повик од вашите сакани, песната на птиците – овие звуци ги прават моментите посебни и ги збогатуваат нашите животи. Уживајте ги овие магични моменти со леснотија благодарение на докажана технологија и престижен комфорт на Intuis 3 од Signia.
 
	 
	Контролирање преку мобилната апликација Signia App
 
	Ги покрива СИТЕ степени на губиток на слух
 
	Спречување на одбивање (feedback) на звуците и фонија
Уреди кои одговараат со Intuis 3 слушните апарати.
 
				MiniPocket
 
				 
			
