За важните моменти во животот.
Новиот Prompt слушен апарат Ви нуди голем опсег на решенија за скоро секој тип на оштетување на слухот. Опремени со напредна технологија како што е можноста за спречување на фонија, Prompt овозможува одлично слушање. Три задушни модели на апарати од оваа фамилија нудат неверојатен комфорт заедно со леснотија за користење и ги покриваат сите нивоа на оштета на слухот. Prompt има и интраканални модели кои со нивните генијални, заменливи, меки Click навлаки едноставно се поставуваат на интраканалниот слушниот апарат и даваат голема удобност во носењето. Со својот опсег на различни програми, Prompt слушните апарати ви помагаат во најразлични ситуации.
Prompt доаѓа во 2 форми - интраканален и задушен.
Што сѐ Ви нудат Prompt BTE апаратите.
- Микрофонот на Prompt задушниот слушен апарат е дирекционален, што значи може да се насочува кон објектот од интерес. Тој ги амплифицира примените звуци, фокусирајќи се на звукот кој доаѓа пред вас, додека ги намалува звуците во позадината.
- Копчињата на задниот дел од апаратот ви овозможуваат лесна и брза промена програмот и подесите јачината на звукот, доколку ја промените средината во која слушате.
- Prompt задушните апарати се тестирани и испробани во најпредизвикувачки средини и се резистентни на влага, пот и замастеност. Затоа Prompt е спремен да им се спротивстави на проблемите на секојдневниот живот.
- Prompt P и SP моделите доаѓаат со рогче за зголемена амплификација. Лесната олива придонесува за сигурно и соодветно вклопување кое ги насочува звуците директно во вашето уво.
- Вратничката за батерија на Prompt задушните апарати може лесно да се отвори и затвори така што ке можете да ја промените батеријата брзо и едноставно.
- На места кои се опремени со induction loop, Telecoil и T-Coil функцијата на Prompt P и SP моделите ви помагаат да го разберете подобро и појасно говорникот.
- Prompt P и SP можете да го промените местото за батерија со опционален дел за т.н. Audio Shoe. Кога се наоѓате во средина со зголемена бучавост, микрофонот го прима звукот/гласот на соговориникот директно во вашето уво.
Што добивате со Prompt Click интраканалните апарати.
- Звуците се пренесени преку микрофон и амплифицирани за појасно слушање.
- Отворот на Click влошките дозволува циркулација на воздухот во увото која ви дава чуство на нормално слободен слушен канал.
- Лесните за промена Click влошки се направени од мек силикон кој брзо и лесно се вклопува со апаратот и дава чуство на удобност и леснотија при ставање/вадење. Достапни во 4 различни големини, постои Click sleeve за секое уво.
- Дискретен, а сепак пријатен, жичката за вадење ви овозможува лесно да го извадите слушниот апарат од вашето уво.
-
Лесно за ракување и отворање, можете брзо и лесно да ја промените стандардната батерија.
Некои нешта се створени за споделување.
Од шепнат комплимент до звукот на веселиот детски џагор или песната на птиците во летната градина, животот е полн со моменти кои се створени за споделување. Со Prompt слушните апарати тука да Ви помогнат, можете да уживате во секој момент со целосна самодоверба и да бидете дел од нив.
- Одличен за секоја конверзација - со секого.
- Во домот, било да е тивко или да децата трчаат наоколу.
- Во метеж, многу бучни средини, како на пример ресторани или маркети.